-Власта на СДС и ДУИ систематски го уништувала здравството, што поради неспособност, што поради криминал. Денес ќе изнесеме факти како поаради неспособноста на власта на СДС и ДУИ граѓаните чекаат секој месец за магнетна резонанца, иако за тоа нема потреба, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.
-Според Извештајот на ДЗР и покрај удвојување на бројот на апарати за магнетна резонанца во период од 2017 до 2022 година, бројот на прегледи не е зголемен и истите се неискористени. Според ДЗР еден апарат кој е донација воопшто не е ниту ставен во функција. Бројот на снимања по апарат во Македонија е далеку под европскиот просек. Имено еден апарат во просек има 2800 снимања годишно, а европскиот просек е од 4 до 9 илјади. Кога има ваков мал број на снимања ќе се очекува барем истите да бидат брзи и без поголеми чекања, но реалноста изминативе години беше сосема поинаква. Што работеле СДС и ДУИ во здравството? Во системот за термини, со години се внесувале помалку термини, што како последица на дефект на апаратите, што како последица на недоволно обучен кадар. А, пациентите се тие кои страдале и не добивале услуга, истакна Петрушевски.
Извештајот на ДЗР ни ја предочува целосната неспособност на СДС и ДУИ во менаџирање со здравствените установи, и зошто здравството колабира, додава Петрушевски.