
Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) соопшти дека ждрепката за Мундијалот 2018 ќе се одржи на 1 декември оваа година во Кремљ, Москва.
Датумот беше уште претходно познат, а изборот Кремљ да биде домаќин на церемонијата дојде откако рускиот претседател Владимир Путин дозволи ФИФА да го користи седиштето на претседателството и владата на Русија.
Светското фудбалско првенство во Русија ќе се игра следната година во периодот 14 јуни – 15 јули.