Здружението на борци од НОБ: СДСМ да се извини пред споменикот на АСНОМ

Здружението на борци од НОБ денес јавно го осуди сквернавњето на споменикот на АСНОМ од страна на хулиганите на СДСМ и платениците на СОРОС.

Го изразувам своето незадволство за она што во последните денови се случува во Македонија, особено за уништувањето на нашите историски споменици, вели Милан Солаков, претставник на Здружението на борци од НОБ.

Тој побара СДСМ, во чие име, како што вели, е вграден идеалот на овие луѓе за слобода и социјална правда да дојдат пред споменикот и да се извинат.

Милан Солаков, претставник на Здружението на борци од НОБ
Милан Солаков, претставник на Здружението на борци од НОБ

 

Секогаш кога сум поминувал тука, сум се поклонувал пред овој споменик. Секогаш со почит сум гледал на овие личности, сум имал чест да соработувам, да им бидам советник посебно да Веселинка Малинска, на генерал Апостолски со кој сум ја шетал цела Македонија. Сум слушал низ која голгота минувале овие луѓе да дојдат до Прохор Пчињски, вели Солаков во името на Здружението на борци од НОБ.

Солаков кој вели дека ги познавал учесниците во Првото заседание на АСНОМ сметаат дека тие личности денес не го заслужуваат тоа што го гледаме на спомениците.

Посебно ме трогнуваше кога ќе ми кажее под какви услови тоа го правеле. Во казаните во кои јаделе ги переле своите алишта за  да ги уништат вошките. Зарем заслужуваат ваков однос денеска, овие симболи на државноста? Ги повикувам СДСМ во чие име на таа партија е вграден идеалот на овие луѓе за слобода и социјална правда, да дојдат овде да се извинат, да им дадат почит и да се извинат за ова што го прават, порача Солаков.

Инаку хулиганите кои што учествуваа во насилните протести на граѓанската иницијатива „Протестирам“ деновиве сквернавеа повеќе споменици во центарот на Скопје. На мета беше Порта Македонија, Споменикот на АСНОМ, Прометеј, фонтаната Воин на коњ…