Зеќири: Од 2016-та СДСМ не е партија на Македонците

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири во интервју за албанската телевизија Еуроњус Албанија рече дека од 2016 година Социјалдемократскиот сојуз веќе не е партија на Македонците.

Инаку, овој став го дели и претседателот на СДСМ кој е и негов кум, Зоран Заев.

– Од 2016 година СДСМ не е партија на Македонците, таа е партија на сите граѓани, таа е граѓанска партија, рече Зеќири.

Тој истакна дека Законот за јазиците, односно Законот за употреба на албанскиот јазик не го доннесол Али Ахмети и ДУИ туку дека него го донесе СДСМ и дека Зоран Заев беше тој кој што со голем фанатизам го бранел законот.