Зечевиќ е човек на Заев, Шема продолжение на Шекеринска, констатира ВМРО-ДПМНЕ

Раководството на Димитар Ковачевски – исти луѓе исти вредности. Заевизмот продолжува, Македонија со СДСМ во порази. Вака опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги коментира новите кадри што вчера беа избрани во раководството на владејачката СДСМ.

Според нив, ова раководство е тело на Заев бидејќи во него е Фатмит Битиќи, вицепремиерот за економски прашања, кој пак е избран за потпретседател и Сања Лукаревска која е директорката на УЈП.

-Миле Зечевиќ не е никаков нов кадар, тој е човекот на Заев, кој учествуваше во организирање на изборни нерегуларности во изминатите години. Зечевиќ е творец на партизацијата на администрацијата, полнењето со тетки мајки деца на функционери.

Ништо ново не може да се очекува ниту од Стефан Богоев, градоначалникот на Заев, кој изгуби во Карпош, сега треба да губи и на ниво на држава.

Игор Ивановски Шема кој направи пакт со Заевизмот за својата лична кариера. Кој 30 години ништо добро не и носи на Македонија.

Тој е продолжение на кариерата на една Шекеринска. Нина Фити, чиј што татко ја осмисли транзицијата која остави 200.000 работници на улица, сега треба да ја дограби Македонија, да продолжи каде што татко и застана.

Ковачевски во својот тим го има и Дарко Каевски кој на 30 години без ден работа во реален сектор, се стекнал со стан од 62 м2 и над 60 илјади евра во банка за само една година, ги коментираат од опозицијата старо-новите имиња во партиското раководство на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека Ковачевски, кој вчера беше избран за мандатар на владата, е пиун на Заев, кој по оставката си заминува од политиката.