Зехофер понуди оставка од министерската должност

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер понуди оставка на оваа, како и на должноста шеф на баварската Христијнско-социјална унија (CSU) на затворениот состанок на претседателството на партијата, соопштија ноќта кон понеделникот извори од партијата, пренесува весникот Bild.

Изворите навеле дек Зехофер уште не ја поднел оставката и дека некои во партијата настојуваат да го одвратат од намерата.

Зехофер кој ја поттикнува германската канцеларка Ангела Меркел на заострување на доселеничката политика. Тој претходно рече дека неговите баварски конзервативци нема да се обидат да ја соборат коалициската влада или да ја соборат канцеларката.

Последните седмици во Унијата CDU/CSU, кои заедно со социјалдемократите се во коалициската влада, избувна сериозен конфликт поради несогласувњето околу миграционата политика. Зехофер разработи ткн Masterplan Migration во сферата на миграциите, кој не наиде на поддршка од канцеларката Ангела Меркел која е и челничка на Христијнско-демократската унија (CDU).

Неговиот план подразбира забрана на влезот во Германија на барателите на азил кои не поседуваат документи за идентификација, како и на оние на коишто веќе им е одбиено барањето за азил во некоја друга земја членка на Европската унија. Според планот, мерката треба да се спроведува еднострано, без договор со европските соседи.

Од своја страна, Меркел се залага за решение на ниво на ЕУ за овој проблем и смета дека предлогот на Зехофер е во спротивност со европските регултиви за азилот, како и со германското законодавство.

Поддржувачите на канцеларката истакнуваат дека одредбата за заедничко европско решение за миграциската криза е содржана во коалицискиот договор врз основа на која дејствува актуелната влада на Германија.

Спорот ја турна големата владина коалиција сочинета пред само три месеца по долги и мачни преговори во криза, и ги ослаби позициите на конзервативната челничка која речиси 13 години е на канцеларската должноста и сега германските функционери настојуваат да постинат договори за споментото прашање со поединечните земји од ЕУ.