Мухамед Закири од СДСМ се поднови со нов автомобил, но прашањето е како успеа да заштеди толку пари за краток период, пишува албанскиот весник Газета Експрес
Пред извесно време Зекири автомобилот БМВ 7 произведен 2003 година го замени со истата серија произведена во 2011. Зекири со новиот автомобил вреден 75.000 евра бил фотографиран вчера попладнето Топанско поле каде што и живее лица кои се однесувале како негови телохранители, поради што граѓанин бил обезвозможен да го сними, пишува порталот.
Откако СДСМ дојде на власт со нов луксузен автомобил Ауди А5 вредно 50 илјади евра се поднови и пратеникот и кандидат за Градот Скопје, Петре Шилегов, пишува натаму порталот. Во веста се потсетува и дека премиерот Зоран Заев, покрај големиот луксузен возен парк, поседува и Ауди А8 кој чин повеќе 100.000 евра.