Три часа генералниот секретар на Владата во оставка, Мухамед Зеќири, чека да почне рочиштето на кое судија на претходна постапка ќе треба да одлучи дали ќе му одреди мерка на претпазливост поради опасност од бегство, влијание на сведоци и повторување на делото, објави Макфакс.
Обвинителката Катерина Коларевиќ стигна во судската зграда, неколку минути откако Бисера Зекири, сопруга на Мухамед Зеќири, дојде и му даде пасоши на адвокатот Александар Трајковски.
Адвокатот не даде одговор зошто се чека три часа и зошто ги зеде пасошите од неговата сопруга.
Зекири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување.