Зел 2.000 евра аванс, но не поставил прозорци во кафе-бар

Скопјанец останал без 2.000 евра кои му ги дал на сограѓанин, кој требало да му направи алуминиумски прозорци во кафе-бар, информираше МВР.

На 04.09.2018 година во 13 часот во ПС Карпош, М.А.(32) од Скопје пријавил дека на 13 јули во кафе бар лоциран на булевар Партизански одреди од страна на Р.К.(56) од Скопје му  била  извршена измама од 123.000 денари.

Имено, пријавителот се договорил со Р.К. за извршување на занаетчиски работи, односно поставување на алуминиумски прозори во објект и го довел во заблуда па на М.А. му наплатил 2.000 евра, како аванс за изработката. Тој до 1 август требало да  ги  постави  прозорците, но  истиот ниту постапил по договореното, а ниту пак се јавува, како и избегнува да стапи во контакт.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.