ПС Гостивар поднесе кривична пријава против Л.Р.(48) за сторени две кривични дела „измама“.
Во ноември 2012 година, пријавениот измамил две лица од Гостивар и Битола, со тоа што им ветил дека ќе вработи и ќе им извади работна виза за Белгија или Швајцарија, за што на лицето од Гостивар му наплатил 5.000 евра, додека на другото лице му наплатил 950 евра.
По ова, лицата илегално работеле неколку месеци во Белгија и Швајцарија во фирма на пријавениот, но истиот не им извадил работна виза и не им ги вратил парите.