Зеленски ја отфрли идејата на Макрон за олимписко примирје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот во интервју за France Presse изјави дека ја отфрла идејата за „примирје“ во војната со Русија во текот на Олимписките игри во Париз, за ​​што францускиот претседател Емануел Макрон изрази желба.

„Реков: Емануел, ние не веруваме во тоа. Ајде за момент да замислиме дека има примирје. Прво, не му веруваме на (Владимир) Путин. Второ, тој нема да ги повлече своите војници. Трето, (…) кажи ми Емануел, реков, кој гарантира дека Русија нема да го искористи ова за да ги донесе своите војници на наша територија“, рече Зеленски.

„Ние не сме против примирје, ние не сме против крајот на војната. Но, сакаме праведен крај на оваа војна. Ние сме против примирје што ќе му користи на непријателот“, додаде тој.

Неколку часа претходно, рускиот претседател Владимир Путин, кој престојуваше во Кина, имплицираше дека се спротивставува на ткн олимпиското примирје во прв ред затоа што не може да им верува на западните челници, како што беше случајот со договорите од Минск во 2014 и 2015 година, за кои тоашните германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, исто така, потписници, потврдија дека биле само мамка за да се добие во време да украинската војска да се вооружи и обучи за да ги нападне југоисточните региони и Крим каде доминантното руско и рускојазично население се отцепија по превратот во Киев и укинувањето на рускиот јазик и правата на руските региони.

Макрон рече дека сака да „направи сѐ“ за да владее олимписко примирје низ светот за време на Олимписките игри. Тој рече дека претседателот Кси Џинпинг му дал поддршка на почетокот на мај.

Кси и Путин, кои се сретнаа во четвртокот во Пекинг, колку што е познато и не разговараа на оваа тема, освен што рускиот претседател го пофали како искрен киенскиот предлог за запирање на војната во Украина даден минатата година кој Киев и неговите западни сојузници предводени од САД веднаш го отфрлија, иако се повикуваше на територијалниот интегритет на Украина. Путин притоа во Пекинг и потсети дека на руските селекции им е забранет настапот на Олимпијадата, како и употреба на

Во интервјуто за AFP, Зеленски исто така тврдеше дека Русија нема средства да изврши нов голем напад врз Киев, а всушност го повтори тврдењето од претходно во четвртокот на највисокиот командант на НАТО во Европа, американскиот генерал Кристофер Каволи, кој изјави дека не верува оти руската војска распоредила доволно војници за стратешки пробив во регионот околу Харков во североисточна Украина, како и дека е уверен дека украинските сили ќе ги задржат своите линии во регионот.

„Тие немаат сила за голема офанзива врз главниот град како на почетокот на инвазијата“, рече Зеленски, кој смета дека Донбас на исток и Харков на североисток се главни цели на Русија.

Украинскиот претседател, исто така, нагласи дека неговата земја има само една четвртина од системите за противвоздушна одбрана што ѝ се потребни и има потреба од уште 120 до 130 борбени авиони „F-16“ за да ја преземе воздушната доминација од Русија.

Рече и дека би сакал Кина некако да учествува на мировната конференција за Украина што Швајцарија ја организира во јуни, без Русија.

„Би сакал да ја видам Кина вклучена на мировниот самит. Глобалните играчи (како Кина) имаат влијание врз Русија. И колку повеќе такви земји имаме на наша страна, на страната на завршување на војната, би рекол, толку повеќе Русија ќе мора да смета“, додаде Зеленски.

Русија претходно порача дека секој состанок за решавање на конфликтот во Украина не може да биде целисходен доколку во него не учествува руската страна и не се слушнат и нејзините ставвови, коишто во првенствено се состојат од демилитиаризација на Украина и нејзино невлегување во НАТО пактот.