Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поддржа кандидатурата на поранешниот главен командант на украинската војска Валериј Залужни за амбасадор во Велика Британија, соопшти Министерството за надворешни работи.
„Министерството за надворешни работи на Украина го испрати барањето до британската страна за одобрување“, соопшти Министерството за надворешни работи во Киев.
Залужни, сметан како херој кој ја надгледуваше војната во Украина против руската инвазија, во февруари беше заменет со командантот на копнените сили Александр Сирски, етнички Русин роден во Русија, познат по немилосрдното „трошење“ на војниците
Украина нема амбасадор во Велика Британија, откако Зеленски го отповика поранешниот амбасадор Вадим Пристаик во јули 2023 година, откако тој јавно го критикуваше претседателот.
Во четвртокот, британскиот министер за надворешни работи Грант Шапс го посети Киев, објави Зеленски на Х.
„Нашиот првичен фокус е на зајакнување на одбранбените и долготрајните капацитети на Украина, како и задоволување на итните потреби за оружје, муниција и развој на заедничко производство на оружје“, рече тој.
На фотографиите од средбата што ги сподели претседателот го нема Залужни, забележува Reuters.
На крајот од јануари, поранешниот пратеник во Врховната рада (украинскиот парламент), Борислав Береза, објави дека Зазлужни е сменет од должноста главен командана на украинската армија. Истовремено, друг украински пратеник, Олексиј Гончаренко на социјалните мрежи објави дека на Заслужни тогаш му била понудена амбасадорска функција во една од европските земји, но тогаш воениот командант тоа го одбил.
Истиот ден британскиот весник The Economist објави дека Заслужни ја одбил понудата на претседателот Зеленски да ја преземе функцијата секретар на Советот за национална безбедност, но генералот го отфрлил предлогот. Исторемено весникот Financial Times, повикувајќи се на свои извори запознаени со темата, објави дека Зеленски на средбата на Заслужни му понудил само функција советник на украинските власти.