Претседателот Володимир Зеленски ги повика сојузниците на Украина да престанат само да го „набљудуваат“ присуството на севернокорејските трупи во Русија и да преземат мерки пред да учествуваат во борбите против Украина.
Зеленски во видеото објавено на Telegram оцени дека Северна Кореја напреднала во однос на нејзините воени способности, распоредување на проектили и производство на оружје и дека „сега, за жал, ќе научи модерно војување“.
Воените аналитичари ги коментираа вестите за наводно присуство на севернокорјски војници во Русија, претпоставуваа дека Москва веројатното ќе ги ангажира на обезбедување на пограничните области, со цел руские сили од внатрешните гарнизони кои се здобиија со борбено искуство во Курск да ги испрати на фронтот во источна Украина.
„Првите илјадници војници од Северна Кореја се во близина на украинската граница. Украинците ќе бидат принудени да се бранат од нив“, рече Зеленски. „И светот повторно само ќе гледа“, додаде тој.
Зеленски тврдеше дека Украина наводно има „точни информации“ за сите локации на кои наводно се распоредени севернокорејски војници во Русија. Сепак, како што наведе тој, западните сојузници не ѝ дале на Украина оружје со долг дострел потребно за напад на тие цели.
„Наместо толку потребната способност за долг дострел, Америка гледа, Британија гледа, Германија гледа“, рече Зеленски.
„Сите во светот кои навистина сакаат руската војна против Украина да не се прошири, не смеат само да гледаат. Тие мора да дејствуваат. Зборовите за неприфатливоста на ескалацијата и проширувањето на војната мора да бидат придружени со акции“, додаде.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во четвртокот изјави, без да наведе извор или да пружи доказ, дека наводно 10.000 севернокорејски војници има во Русија, вклучувајќи дури 8.000 во јужниот регион Курск, каде што украинските сили извршија инвазија во август и со огромни загуби и .
Севернокорејската министерка за надворешни работи Чое Сон Хуи во петокот му порача на својот руски колега Сергеј Лавров дека нејзината земја ќе ја поддржува Русија додека не постигне победа во војната против Западот, алудирајќи на влученоста на САД и нивните сојузиници во војната во Украина.
Москва ниту го демантираше, ниту директно го потврди присуството на севернокорејски војници. Пјонгјанг првично исто така ги негираше тврдењата, но подоцна ја бранеше замислата за испраќање своја војска на територијата на Русија, посочувајќи дека тоа е во согласност со меѓународното право врз основа на билатералните договори меѓу двете земји и во согласнот со членот 51 од Повелбата на ОН.