Зеленски апелира на сојузниците да им помогнат Украинците кои „самите ја бранат својата земја“

Украинскиот претседател Владимир Зеленски уште еднаш во петокот утротот на западните сојузници да ѝ помогнат на Украина и за го запрат бруталниот руски напада, пренесуваат светските агенции.

„Утрово самите ја браните својата држава. Како и вчера, најголемите светски сили гледаат оддалеку. Дали Русија ја уплашија вчерашните санкции? На нашето небо и на нашата почва гледаме дека тоа не е доволно“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател рече дека Русија продолжила со ракетни напади во петокот во 4 часот наутро, но и тврдеше дека руските војници биле запрени во напредувањето на неколку правци. Додаде дека ударите биле насочени и на воени и на цивилни цели. Американската телевизиска мрежа CNN објави дека околу 5.40 часот се слушнале најмалку три ексползии во Киев. Малку порано сирените се огласиле и во украинскиот западен град Лвов.

Се претпоставува дека експлозиите одекнале во југозападниот дел од главниот град. Малку повеќе од еден час претходно советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко објави на Twitter дека започнал напад врз Киев.

Напиша дека Киев е нападнат со крстосувачки и балистички проектили. Објавено е дека украинскиот сили собориле непријателски авион над Киев во раните утрински часови во петокот, кој потоа се забил во санбена зграда и предизвикал пожар. Медиумите подоцна објавија и дека ви Киев има пожари на повеќе места.

Британскиот јавен сервис BBC, повикувајќи се на украински интернет медиуми, дека украинските воени сили уништиле мост во близина на Иванково на прериферијата на Киев, за да спречат руските тенкови да напредуваат натаму во градот.

Агенцијата Reuters пренесува локални изводи дега гранична караула во украинскиот регион Запорожје била погодена со ракета, а притоа имало и човечки жртви. Покрај убиените граничари имало и неколку ранети. Овој регион неме копнена граница со Русија, но се наоѓа на брегот на Азовското Море.

Американската амбасада во Киев, која инаку дејствува од западниот град Лвов, ги повика американските граѓани во Украина итно да ја напуштат државата и тоа со кој и да вид транспорт.

И кинеската амбасада ги повика кинеските државјани дека можат да се регистрираат за чартер летовите за да ја напуштат земјата. Во Украина престојуваат околу 6.000 Кинези, наведува портпаролот на амбасадата.

Британските разузнавачки служби проценуваат дека Русија веројатно не ги освоила своите зацртани воени цели во текот на првиот ден од операцијата во Украина. Но некои западни и руски аналитичари сметаат, дека станува збор за многу претпазливо копнено напредување за да се избегнат голему разурнувања и повеќе жртви.

Британските служби претпоставуваат дека руската војска ја заземала нуклеарната централа Чернобил. Градот се наоѓа на најкусиот правец од Белорусија до Киев и затаоа е крај логичната линија на руското напредувања. Со заземањето на Чернобил, сметаат западните аналитичари, Русија едноставни го користи најкусиот правец за доаѓање до украинската престолнина.

„Чернобил нема никаква воена важноста, но е на најкусата рута од Белорусија до Киев“, потврдува за Reuters поранешниот начелник американскиот здружен штаб Џек Кин.

Во извештајот на британската служба се наводува дека „најверојатно“ Русија не ги постигнале зададените цели за првиот ден од операцијата, а причината за тоа ја пронаоѓаат во „добриот отпор на украинската војска по должина на целата линија фронт“.

Американската влада ѝ наметна санкции и најголемата руска банка „Сбербанк“, објави тамошното министерство за финасии. Американските институции мора да ги затворат своите сметки во оваа банак во рок од 30 дена. „Сбербанк“, во мнозинска државна сопственост, е најголемиот кредитор на руска економија и банка со најголеми штедни влоговои. Со тоа, според американските пресметки, сега 80 отсто од сопственостите на руските банки се подложни на санкции.

САД наметнаа санкции и за Белорусија, која ја обвинуваат дека е вмешана во руската воена операција во Украина. Американските санкци се насочени на 24 белоруски поединци и организации за коишто е наведено дека имаат „посебно блиски односи“ со Русија. Американските санкции се насочени кој околу петтина од белоурскиот финански сектор.

Ноци санкции за Русија рено во петокот најавија и Јапонија и Нов Зеланд. Челниците државите челнки на Европската унија се согласија во четвртокот вечерта за нови санкции кои треба да погодат повеќе сектори во Русија.