![zelenski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/zelenski.jpg?resize=660%2C487&ssl=1)
Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави во вторникот дека би било апсурдно на Украина да не ѝ биде понудена временска рамка за членство во НАТО на самитот кој започна во литванската престолнина Вилнус.
Се очекува дека Украина, поради поделбите во МАТО нема да добие датум за пристапување во Северноатлантскиот воен сојуз, ниту директна покана да ѝ се придружи на Алијансата на самитот кој се одржува во вторникот и средата.
„Тоа е без преседан и апсурдно доколку временската рамка не е поставена ниту за поканата (за придружување во НАТО), ниту за членство. Истовремено се даваат нејасни формилации за ‘условите’, дури и за поканување на Украина“, напиша Зеленски на Telegram.
Зеленски и неговите соработници вршат притисок врз НАТО, да издејствуваат добивање јасен пат за приклуќување на Украина откако ќе заврши војната со Русија.
Украинскиот претседател рече дека долготрајната неизвесност околу членството на Украина во НАТО значека дека е „оставена шансадата за погаѓање околу членството во НАТО во преговорите со Русија“, „За Русија тоа значи мотивација да продолжи со теророт“, додаде Зеленски.
Русија ги смета силите на НАТО распоредени во близина на нејзините граници како закана. Во декември 2021 година, само два месеца пред почетокот на „специјалната воена операција“ во соседната земја Москва поднесе нацрт-документи за безбедносните гаранции до НАТО и Вашингтон, барајќи да запирање на натамошното ширење на Алијансата натаму кон руските граници особено на постосветските кавкаски јужни земји Украина и Грузија со што руските градови би биле на само неколку минути изложени на ракетните системи на НАТО. Притоа Москва инсистираше на тоа дека блокот треба да се повлече на границите како што беа во 1997 година. Овој руски предлог за безбедносен договор експресно го отфрлија НАТО и САД.
Навестувајќи дека ќе присуствува на НАТО самитот во Вилнус, Зеленски денеска истовремено порача „Неизвесноста е слабост, а за тоа отворено ќе зборувам на самитот“.
Москва порачува дека внимателно го следи самитот на НАТО во нејзиното соседство како јасна провокација и дека ќе преземе „мерки за заштита на безбедноста на Русија“, што подразбира употреба на севкупната нејзина воена моќ.
Истовремено во вторникот генералниот секретар Јенс Столтенберг на прес-конференцијата на првиот ден од самитот на НАТО во Вилнус изјави дека Алијансата ќе ѝ упати покана на Украина да се приклучи на воената алијанса кога „членките ќе се согласат и ќе бидат исполнети условите“.
Столтенберг изјави дека НАТО испраќа „силна, обединета и позитивна порака“ до Украина, откако членките се согласија дека нејзината иднина е во Алијансата. Тој истакна дека „најитна задача“ сега е да се осигура дека Украина „издржува“ против руската инвазија. Во спротивно, како што кажа, „без овој исход, воопшто не може да има дискусија за членство“.
Столтенберг на прес конференцијата кажа и дека ја поздравува поддршката од лидерите на НАТО за Киев, додавајќи дека во последните денови има „значителни нови најави“ за воена поддршка од членките. Шефот на НАТО нагласи и дека со нетрпение очекува да и посака добредојде на Шведска како членка.