Украинскиот претседател Владимир Зеленски го поздрави во четвртокот новиот бран санкции на Западот против Русија кој започна уште во 2014 година, меѓутоа рече дека не се доволни.
Зеленски во најновото видео обраќање го повика Западот да оди чекор понатаму и да го бојкотира користењето на руската нафта.
Рече дека „неуспехот на постигнување договор за ембаргото го чини животи украинскиот народ“.
Зеленски рече дека „Кремљ толку заработува од извозот на нафта што не чувствува потреба сериозно да ги сфати мировните преговори“, иако самиот има постојано спротиставени изјави од кои не може да се разберат прецизно барањата на Киев.
Додаде дека и натаму ќе биде истраен тоа руските банки да бидат целосно отсечени од меѓународниот финансиски систем.
Русија е третиот најголем производител на нафта во светот, а повеќе од половината од тоа оди во Европа, речеси во истиот обем како и природниот гас.