
Украинскиот претседател Владимир Зеленски побара во саботата неговата земја во заднината на актуелните настани да биде итно примена во Европската унија.
„Ова е клучниот момент да ја завршиме долгогодишната расправа еднаш засекогаш и да решиме за членството на Украина во Европската унија“, напиша Зеленски на Twitter.
Потврди дека со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, разговарал за „натамошна ефикасна помош“ и на „херојската борба на Украинците за нивната слободна иднина“.
Украина не е официјална земја кандидат за членство на ЕУ или потенцијален кандидат, првично поради забелешките за ендемската корупоција и владеењето на правото, а и поради загриженсота дека преземањето таков чекор би им наштетило на односите меѓу Брисел и Москва.
Во 2014 година владата на тогашниот проруски претседател Виктор Јанукович го суспендираше потпишувањето на Договорот за придружување на ЕУ, незадоволна од недоволната доделена помош да го спречи банкротот на земјата. Москва тогаш соопшти дека нема против влегувањето на Украина во ЕУ но уште тогаш се противеше на евентуално пристапување во НАТО.
Западот тогаш го искористи моментот да ја организира и поддржи украинската прозападна опозиција да изведе вооружен преврат во Киев по измамата на претседателот Јанукович кој ги намали претседателските овластувања и предвиде предвремини избори. Тогаш беше забранета дотогаш владејачката партија, беа сменети избраните регионални власти и именувани од Киев, беа забранети другите јазици за службени, вклучително и рускиот кој го зборува огромно мнозинство. Тоа, пак, од своја страна предизвика црноморскиот полуостров Крим со два референдума да ја врати укинатата автономија во 1990-та и да се приклучи на Руската Федерација од којашто е административно издвоен во 1954 година во времето на СССР, а што Западот го смета за нелегална руска анексија на украинска тероторија.
Истовремено руско доминатните источни региони во Лиганск и Донецк се самопрогласија за „народни републики“ кои седмицава ги призна рускиот претседател Владимир Путин по што руската војска влезе во Украина под изговор да спречи наводен украински напад во Донбас и Крим, и за да спречи Украина да влезе во НАТО.