Зеленски бара противвоздушни системи од Јужна Кореја

Украина „очајнички се надева“ дека Јужна Кореја ќе ѝ обезбеди одбранбена воена опрема, како што се противвоздушните системи, за одбрана од руските напади, изјави украинскиот претседател Володомир Зеленски во интервју за јужнокорејски весник.

Зеленски ѝ се заблагодари на Јужна Кореја на ветувањата дека ќе испрати возила за деминирање и хуманитарна помош во вкупен износ од околу 230 милиони долари, но вели дека Украина сака противвоздушните системи и системи за рано предупредување, извести во вторникот весникот Chosun Ilbo.

„Знам дека постојат многу ограничувања во врска со поддршката со оружје, но тие принципи не би требало да се променуваат на одбранбените системи и опремата за заштита на нашата сопственост“, вели Зеленски во разговорот со дневниот весник.

„Противвоздушниот систем не е оружје, туку исклучиво одбранбена опрема. Мораме да има небесен штит за повторно да ја изградиме Украина и очајнички се надевам дека Јужна Кореја ќе нѐ подржи во оваа сфера“, додава украинскиот претседател.

Јужна Кореја, американскиот сојузник на Пацификот и еден од поголемите светски извозници на оружје, одржуваше добри односи со Русија со која имаше повеќе позначајни проекти особено во транспортните коридори и енергенсите, сѐ уште им одлева на големите притисоци на САД и ЕУ да испорача оружја во Украина, поради деловните врски со Москва и нејзиното влијание врз Северна Кореја.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јеол во интервју за агенцијата Reuters во април сигнализираше можност за промена на таквата политика, порачувајќи дека на Сеул би можел да биде тешко да продолжи да дава само хуманитарна и финансиска помош доколку Украина се соочи со напади врз цивилите од големи размери или „ситуација којашто меѓународната заедница не може да ја прости“.

Јун и Зеленски првпат се сретнаа првпат во мај на маргините на самитот на челниците на групата Г7 во јапонска Хирошима, кога Сеул вети испорака на опрема за деминирање и дополнителна хуманитарна помош.

Зеленски бараше оружје од Јужна Кореја и во април во видео обраќањето до јужнокорејските пратеници. Тогаш, меѓу другото, бараше оклопни борбени возила, противвоздушно, противтенковско и противбродско оружје кое досега Сеул одби да му ги испорача на Киев.