
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во своето вечерно обраќање до граѓаните преку видеоснимка на Телеграм истакна дека ако Русија знаела што ја чека, ќе се плашела да дојде во Украина.
– Во текот на овој месец ги задржавме сите главни правци на руските удари. Светот примени деструктивни санкции. А и договараме нови, истакна Зеленски.
Тој додаде дека испратил неколку важни апели до учесниците на Самитот на НАТО, на средбата на Г-7, на Самитот на ЕУ и до шведските пратеници.