Зеленски до Русите: Труповите на вашите војници никој не ги зема

Во својата најново морничаво обраќање до Русите, украинскиот претседател Владимир Зеленски во неделата им порача дека труповите на нивните загинати војници лежат по боиштата во Украина и дека никој не ги носи, алудирајќи на тоа дека нема кој да ги погреба во уште еден обид да предизвика револт кај руските граѓани и масовно противење на војната во Украина.

„Жариштата на особено тешките борби на првата линија на нашата одбрана преплавени се со труповите на руските војници. А тие трупови никој не ги зема“, рече Зеленски во новата видео-порака од неделата рано утрото.

Го повтори тврдењето дека наводно 14.000 руски војници загинале во офанзивата во Украина, податок за кој западните агенции велат дека не може да се провери од независни извори, додека руската страна пред една седмица потврди за 500 загубени војници. Киев, пак, потврди пред една седмица за 1.300 убиени војници во своите редови, кога Москва соопшти дека убила 2.800 украински војници.

Зеленски рече притоа дека може да разбере дека Русија има речиси бескрајни резерви војници и воена опрема.

„Но би сакал да знам грѓани на Русија – што ви се случило да не ги забележите своите загуби? Тоа се 14.000 мајки, 14.000 татковви, жени, деца, роднини, пријатели а вие не забележувате?“, праша Зеленски веројатно алудирајќи на малата бројност на протестите против војната во Русија и масовните собири со кои се одбележа претходно седмицава присоединувањето црноморскиот полуостров Крим на Руската Федерација по превратот во Киев од 2014 година.