Зеленски до руските мајки: Не ги испраќајте децата во војна во странска земја!

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика руските мајки да не ги испраќаат своите деца на бојното поле.

– Сакам да им го кажам ова уште еднаш на руските мајки, особено на мајките на воените регрути. Не ги испраќајте вашите деца во војна во странска земја – рече Зеленски.

Тој ги повика „да не веруваат во ветувањата дека ќе бидат испратени некаде на вежби … или во неборбени услови“ и „да дејствуваат веднаш доколку има сомневања дека нивните деца се испраќаат да се борат во Украина“.