Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека ќе ослободи дел од украинските затвореници и дека ќе ги испрати во војна.
– Тешка и морална е одлуката, но неопходна е поради одбрана на земјата. Одбраната на Украина сега е клучна – истакнал Зеленски, посочувајќи дека затворениците ќе ги испрати на подрачја во кои се водат најжестоките борби.
Тој уште еднаш од Европската Унија побара итен прием на Украина во ЕУ.
– Бараме од Европската Унија итно да ја прими Украина под нова, посебна процедура. Сигурен сум дека Украина тоа го заслужила и дека тоа е можно – изјавил Зеленски.