Украинскиот претседател Владимир Зеленски ги повика во петокот челниците на Европската унија да „направат повеќе„“ за Украина откако потонаа надежите за итно примање во членството на ЕУ, додека главниот град Киев исчекува напад а укранските именувани во јужниот град Мариупол предупредуваат дека овој стратешки град „всушност не постои повеќе“.
„Европската унија треба да стори повеќе. Мора да стори повеќе за нас, за Украина. Одлуките на политичарите мора да бидат усогласени со расположението на нивните луѓе“, рече Зеленски во видеото објавано на неговиот Telegram канал додека челниците на ЕУ го завршуваат неформалниот самит во француски Версај.
„Можам да го разберам емоционалниот одговор и очекувањата. Вчера Европскиот совет пренесе многу силна и јасна порача за судбината на Украина во Европа… Можеме ли да одобриме вонредни мерки за земја којашто е во војна без почитувањето на критериумите (за пристапување)? Одоворот е не“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на самитот како челник на земја којашто во моментов претседава со ЕУ.
Киев се подготвува за напад
Украинската страна и натаму испраќа драматични предупредувања за катастрофалната ситуација на теренот, но и порака дека „храбриот украински народ не се предава“.
Владимир Кличко, припадник на украинските сили на територијалната одбрена и брат на градоначалникот Виталиј Кличло, изјави во петокот за американската телевизија CNN дека се очекува силен напад врз Киев следните денови.
„Во следните неколки дена очекуваме силен напад врз главниот град. Русктие сило моментално се обидуваат да се прегрупираат. Очекуваме напад на Киев на секој ден, а особено следните денови. Нивата цел е Киев“, тврди Кличко.
Украинскиот народ не падна со духот, но потребна му е меѓународна поддршка, рекол Кличко пренесува агенцијата Reuters.
„Имамо доволно воена опрема, ќе сториме сѐ да ја надмудриме руската војска колку што можеме. Не знам колку долго ќе можеме да издржиме, ќе се трудиме колку што е најдолго можно. Она што ние е потребно е меѓународна поддршка. Меѓународна заедбница мора да се изолира Русија и нејзината економија“, додал Кличко.
Мариупол „повеќе не постои“
Ситуацијата во опколоениот украински град со мнозинско руско и рускојазично население Матриупол, каде се утврдени силни единици на паравоените формации на украинските ултранационалисти и странски платеници, е критична и не е јасно дали осумте камиони со хуманитарна помош ќе можат да додјат до јужното пристаниште на Азовското Море во петокот, изјави советнико во украинското министерство за надворешни работи Вадим Денисенко.
Повеќе од 200.000 жители чекаат да бидат изнесени од градот Мариупол, наведува управата на овој пристанишен град којашто од превратот во 2014 година практични ја именува Киев, а сега е под постојано гранатирање руските сили. Руската војска, пак, од минатиот викенд обвинува дека украинските паравоени формации всушност ја попречуваат евакуацијата на цивилното население и го обвинува дека го држат како жив штит и оти се утврдуваат во станбени населби и гаѓаат врз станбените згради и куќите.
„Го блокираа градот од сите страни“, изјави заменикот градоначалникот Сергеј Орлов во петокот за германската емисија „Mittagsmagazin“ на јавната телевизија ARD. Според него, во градот не се пуштаат камионите со хуманитарна помош и досега пропаднале неколку обиди за создавање хуманитарни коридори за извлекување на цивилите.
„Не знам како би го опишал разорување во нашиот град. Градов всушност не постои. Призори од Грозни и Алепо, така Мариупол сега изгледа“, рече Алепо алуридарјќи на војните во Чеченија во 1990-те години кога на страна на муџахедините поддржани од Западот се бореа и украински националисти од кои некои беа во прозападните влади по 2014-та и уривањето на сирискиот град во војната.
„Украинската војска е многу храбра, но војниците немаат оружје да ги заштитат животите на цивилите од воздушните напади на руската војска“, тврдеше Орлов.
Жителите на овој стратешки град со околу 450.000 жители со денови се блокиран а последните се и без струја и вода. Повеќепати пропаднаа обидите за постигнување договор за локален прекин на огнот кој еднострано го прогласуваше руската војска и овозможување на слободното преминување на цивилите.
Украинската влада изјави дека се надева дека коридорите во петокот ќе профункционираат и оти се надева дека руските сило ќе отворат уште неколкуи други хуманитарни коридори.
Зеленски, пак, иако руските сили објавуваат дека секојдневно од Мариупол по десетици жители успеваат да се извлечат во индивидуални преминувања, рече дена ниеден цивил не успеал да излезе од градот во четвртокот. Но додаде дека украинските власти успеале да евакуираат речиси 40.000 луѓе од други пет градови. Го обвини руското гранатирање за неуспешните обиди за евакуација од Мариупол.
„Обидите во градот да се испратат храна, вода и лекови не успеаја кога руските тенкови го нападнаа хуманитарниот коридор…. Ова е директен терор… кој го спроведуваат искусни терористи. Светот ова мора да го знае. Јас тоа морам да го кажам – имаме работа со терористичка држава“, реке Зеленски во телевизиско обраќање.
Зеленски за борците од Блискиот исток
Во истото видео-обраќање Зеленски го осуди испраќањето на борци од Блискиот исток на боиштето во Украина, иако самиот тој формираше своевидна легија на странците со повеќе десетици илјади доброволци и платеници кои се приклучени на украинските регуларни единици или паравоени формации.
„Ова е војна со многу тврдоглав непријател (….) кој решил да вработи платеници против нашите граѓани. Убијци од Сирија, земја во којаш окупаторите сѐ уништија, како што сега го прават со нас“, рече Зеленски кого го цитира AFP.
Рускиот претседател Владимир Путин во петокот одобри ангажирање 16.000 доброволци од Блискиот исток, коишто би требало да им се придружат на милициите на одметнатите украински проруски региони во Донецк и во Луганск.
„Украинските региони сега се без струја, вода, греење“, рече Зеленски и порача дека зборот „хуманитарна катастрофа“ од сега е „синоним за Руската Федерација“.