Зеленски ги обвинува „руските фашисти“ за мачења во Харковскиот регион

Украинскиот претседател Владимир Зеленски возврати на обвинувањата од Москва за „неонацизмот во Украина“ и тврдењата дека украинските паравоени единици составени од ултранционалисти вршат мачења и сакатења на проруски ориентираното цивилно население и воените заробеници, тврдејќи дека руските сили кои под контрола го имаат поголемиот дел од Харковскиот регион применуваат мачење на населението.

Зеленски во ноќното обраќање тврди дека „најмалку десет места на мачења се откриени во ослободениот Харковски регион“ на истокот на Украина.

„Мачењето била раширена практика“, рече Зеленски „додавајчи дека окупаторите кои побегнаа пред украинската противофанзива пред една недела се фашисти“ споредувајќи го нивното однесување со нацистите.

„Како нацистите Русите за своите постапки ќе одговараат пред судот. Ќе ги утврдиме идентитетите на сите оние кои ги мачеле и злоставувале луѓето, кои тие злосторства ги донеле од Русија ваму на украинската територија“, рече Зеленски без да прецизира на кои нацисти од минатото мисли.

Зеленски тврди и дека „окупациските сили ја оставиле опремата за мачење кога побегнале“

Украинските власти објавија опрема и фотографии за кои веруваат дека наводно биле мачилишта и опрема за мачење. Според нив докази за тортура биле најдени и на телата откриени во масовната гробница во шума близу градот Изјум, иако станува збор импровизирани гробишта на кои се поставени крстови над секој гроб.

Зеленски рече дека се работи на ексхумацијата на мртвите тела. Во саботата сојузниците на Киев повикуваа на воспоставување на меѓународен суд кој ќе ги истражи наводите за воени злосторства во Украина.

„Повикувам на брзо формирање меѓународен суд кој ќе ги процесуира злосторството на агресија. Во XXI век вакви напади врз цивилното население се незамисливи и гнасни. Тоа не смееме да го пренабрегнеме. Се залагаме за казнување на сите воени злосторници“, објави на Twitter во саботата чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски.

Украина тврди дека во масовната гробница во Изјум биле пронајдени 440 тела, меѓу кои и тела на украински војници и цивили. Некои тела биле пронајдени со јажиња околу вратот, додека на други им биле врзани рацете, што сугерира дека тие не биле убиени при гранатирање, туку егзекутирани.

Москва ги отфрла таквите обвинувања тврдејќи дека станува збор за нов инсценирано наводно воено злосторство на руските служби како на почетокот од април во киевското предргадие Буча од страна на украинските и западните специјални служби и западните медиуми.

Руското Министерство за одбрана потсети дека за време кога Изјум бил под контрила на руската војска бил постојано гранатиран од украинските сили. Исто така, во Москва се потсетува на изјавата на цивили од градот дека по претходното повлекување на укранските сили од градот биле најдени многу трупиви кои се погребани од нивните роднини.