Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика филмскиот свет да заземе страна во битката “меѓу слободата и тиранијата“, а во говорот на отворањето на Берлинскиот филмски фестивал направи паралела меѓу руската инвазија на Украина и Берлинскиот ѕид.
Зеленски се присети на сопственото искуство како актер и ги повика колегите да го „урнат четвртиот ѕид“ со директно обраќање до публиката.
„Плоштадот Потсдам многу години го делеше Берлинскиот ѕид“, рече тој во видео обраќањето. „Денес Русија сака да изгради таков ѕид во Украина: ѕид меѓу нас и Европа, за да ја одвои Украина од нејзиниот избор за сопствената иднина“.
Берлинале, 73-то издание на филмскиот фестивал што започна во четвртокот, ја има репутацијата на најполитизираниот фестивал токму на поделеното минато на градот за време на Студената војна, додека низ него минуваше линијата меѓу Советскиот сојуз и Западот, од каде се упатуваат западните политички пораки.
„Уметноста може да избере страна или да остане неутрална, а тоа е еднакво на поддршка на тиранијата“, рече Зеленски.
Неговите искуства од првите денови на инвазијата пред една година се тема на документарниот филм „Superpower“ во режија на Шон Пен, кој премиерно ќе биде прикажан во петок.
Меѓу ѕвездите на Берлинале се режисерот Стивен Спилберг, музичарот Боно, актерките Фан Бингбинг и Ен Хатавеј, која беше една од оние кои се расплакаа додека зборуваше Зеленски.
Хатавеј, која глуми терапевт чии сопствени демони се сериозни како и нејзините пациенти во „She Came To M“ на Ребека Милер, која го отвора фестивалот, го нарече Зеленски „херој на нашето време“.
Во фокусот на годинешниот фестивал ќе бидат протестите во Иран, како и конфликтот во Украина. Филмовите поддржани од иранската или руската влада се забранети.
„Берлин е град кој урна ѕид – вистински ѕид“, изјави француско-иранската актерка Голшифтех Фарахани, член на жирито. „Оваа година е важна за нас, за народот на Иран. Се бориме за слобода и не се откажуваме“, додаде/
Актерката Кристен Стјуарт е претседател на жирито кое ќе треба да ги избере победниците меѓу 19-те филмови во главната натпреварувачка програма.
Надвор од главната конкуренција, ќе се прикажуваат филмови од Мексико до Австралија на теми кои се движат од расата и историјата на Соединетите држави до родовата транзиција и сексуалниот идентитет, со јасна неолибертаријанска политичка порака.