Зеленски ги повика ОН да ги спасaт луѓето од „Азовстал“, Москва најави тридневен прекин на огнот

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во средата го повика генералниот секретар на Обединетите нации, Антониот Гутереш, да помогне да се евакуираат цивилите и војниците од металуршкиот комплекс „Азовстал“ крај Мариупол, а руската војска којашто го контролира градот најави тридневен прекин на огнот во челичарницата поради евакуација на цивилите.

„Загрозени се животите на луѓето кои останаа таму. Нам секој живот ни е важен. Ве молиме да помогнете да ги спасиме“, се наведува во изјавата на украинскиот претседател упатена до генералниот секретар на Обединетите нации.

Малку претходно во средата вечерта шефот на пратеничката група на украинската владејачка партија Давид Арахамија за Радио слободна Европа (Radio Liberty) изјави дека руските сили влегле на територијата на големиот и утврден металурпшки комбинат „Азовстал“ крај стратешки важниот јужен пристанишен град Мариупол.

Претходно во средата украинскиот градоначалник на Мариупол, Вадим Бојченко, за националната телевизија изјави дека е загубен контактот со украинските борци во „Азовстал“ и дека има повеќе од 30 деца меѓу оние коишто ја очекуваат евакуацијата. Додаде дека се водат тешки борби во областа на комплексот. Според Бојченко, во челичарницата останале повеќе од 200 цивили, а во самиот град има уште 100.000 цивили.

Претходно во средата министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, изјави дека руските единици го контролираат стратешки важниот пристанишен и индустриски град Мариупол на југот на Украина на Азовското Море, со што се отсекува власта на Киев од Црното Море и руските сили го поврзуваат градот со териториите под руска контрила на југот и истокот, кои беа под контрила на проруските сили уште од пролетта 2014 година и превратот на власта во Киев.

Шојгу се осврнал на обидите да се убедат да ги ослободат цивилите и да го положат оружјето украинските паравоени формации составени од припадници на екстремнодесничарските движења блокирани во големиот утврден металуршки комбинат „Азовстал“ крај Мариупол. Рекол дека во согласност со упатствата на претседателот Владимир Путин, остатоците од украинските борци кои се наоѓаат во индустрискиот комплекс се сигурно блокирани од сите страни.

Тридневен прекин на огнот за извлекување на цивилите од „Азовстал“

Руското министерство за одбрана во средата вечерта објави дека руските и проруските сили ќе го прекинат борбените дејствија во областа околу челичарницата „Азовстал“ и оти ќе отворат хуманитарен коридор за евакуацијата на цивилите.

„Руските вооружени сили ќе отоворат хуманитарен коридор од 8 до 18 часот по московски време на 5-ти, 6-ти и 7-ми мај од металуршкиот комбинат ‘Азовстал’ поради евакуација на цивилите“, објави министерството за одбрана.

Во тој период руските сили ќе и прекинат сите воени активности и ќе се повлечат на сигурна оддалеченост, се додава во соопштението,/

Од Киев во средата вечерта објавија дека украинската влада е во контакт со украинските борци во фабричкиот комплекс, иако претходните извештаи на тамошни функционери говореа дека секој контакт е прекинат.

 

„Путин мора да се повлече“

Украинскиот претседател Зеленски во средата повтори дека Киев одбива да ѝ отстапи и педа од територијата на својата земја на Русија и го повтори своите услови за мировен договр со Москва, што судејќи според досегашните однесувања на двете страни во преговарачкиот процес значи продолжување на борбите.

„Целта на секој Украинец е враќање на територијалниот интегритет во рамјите на меѓународно признатите граници“, рече Зеленски преку конференциско обраќања на настанот во организација на весникот The Wall Street Journal и порача дека „не сакаме да влеземе во замрзнат конфликт“.

„Руските сили ќе мора да се повлечат и (рускиот претседател Владимир) Путин ќе мора да се согласи на прекин на огнот, ако е можно јавно“, се наведува во соопштението од кабинетот на украинскиот претседател.

„Тоа се предусловите за мирвоен договор“, рекол Зеленски, иако признава дека враќањето на украинскиот територијален интегритет ќе биде „тежок, особено за Крим“.

Црноморскиот полуострово доминатно населен со руско и руско јазични население, по превратот во Киев во 2014 година, преку два референдума изгласа враќање на автономијата укината во 1990 година со осамостојувањето на Украина и враќање во составот на Русија од кој е извдвоен во 1950-те години во времето на СССР. Киев и Западот, пак, тоа го сметаат за нелегална руска анексија на украинска територија.

 

Москва објави за десетици напади во средата

Воената авијација на руските сили во изминатиот ден погодиле 97 области на концентрација на украинските вооружени сили, објави во средата доцна вечерта портпаролот на рускиото министерство за одбрана, генерал-мајорото Игор Конашенков.

„Во текот на денот со високпрецизни ракети истрелани од воздухот беа уништени четири артилериски батерии на огнени позиции, три складишта за муниција, 20 области на концентрација на жива сила и воена опрема, како и радарска станица за противбатериска борба од американски производство“, рече Конашенков.

Покрај тоа, според портпаролот, во операции на оперативно-тактичката и авијацијата на воздухопловно-космичко сили биле погодени 77 сили на концетрација на единици. Притоа биле неутрализирани 310 украински броци и уништени 36 воени цели во орује и опрема.

Ракетните единици и артилеријата на руската војска нападнале уште 83 области каде што била распоредена украинската војска, при што била уништена батертија од ракетните ситеми „Град БМ-21“. Противвоздушната одбрана, пак, уништила шест беспилотни летата и два система од веќеракетни фрлачи.