Украинскиот претседател Влодомир Зеленски ги повика во средата во Осло своите европски и американските сојузници да продолжат да ја помагаат неговата земја во моментот кога таа е блокирана против спротиставувањата како во Брисел, така и во Вашингтон, но и исцрпените залихи на некои земји сојузнички.
„Секак дека не можеме да победиме без помош… Но не можеме ниту да бидеме поразени бидејќи сѐ што имаме, тоа е нашата земја“, рече Зеленски на прес-конфернецијата по состанокот со норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе.
Во САД и во Европската унија испораките на воената помош во износи од повеќе десетици милијарди долари за Украина моментално е блокирана поради внатрешните несогласувања.
Некои сојузнички земји, како Словачка и Чешка, објавија дека ги запираат своите испораки на оружје за Украина, бидејќи ги исцрпеле своите залихи.
Долгонајавуваната украинска противофанзива започната на почетокот од јуни годинава не даде никакви резултати, па Зеленски повторно се обидува да ги мобилизира своите сојузници против Русија меѓу кои веќе се појавија отворени несогласувања.
Зеленски пристигна во Ослка во средата за да учестува на состанокот со петте нордиски земји – Норвешка, Шведска, Данска, Финска и Исланд, на кои смета дека би можеле да ја финансираат неговата идеја за производство на оружје според стандардите на НАТО на украинска територија.
„Ќе разговараме за јакнењето на воената, политичката и економската соработка, како и за нашата заедничка иднина во Европа“, напиша Зеленски на социјалните мреж.
Во отвореното писмо објавено во Financial Times, петте нордиски челници тврдат дека „војната не може да се добие без оружје“ и дека „сега не е времето за слабеење“.