Украинскиот претседател Володомир Зеленски во четвртокот го именуваше досегашниот командант на копнените војски Олександр Сирски за врховен командант на вооружените сили на Украина
Во вечерното видео обраќање на нацијата, Зеленски исткана дека од денеска водењето на Вооружените сили на Украина добива ново командна структура … и извести дека го назначил генерал-полковникот Сирски за врховен командант,
Претходно во четвртокот Зеленски се сретна со досегашниот главен воен командант Валериј Заслужни при што разговаралае за промените во армискиот врв, при што, како што беше соопштено, претседателот му предоложл „да остане во тимот“.
Самиот Залужни по средбата изјави за медумите дека со Зеленски разговарал за нови пристапи и решенија насочени кон промена на стратегијата на Вооружените сили на Украина. Тој призна дека задачите со кои се соочува украинската армија во 2024 година се различни од досегашните во војната со Русија која навлегува во третата година. Залужни, исто така, им се заблагодари на сите колеги од Генералштабот и Министерството за одбрана, како и од кабинетот на претседателот.
Од своја страна, украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров ја објави одлуката за промена на водството на армијата и му се заблагодари на врховниот командант на вооружените сили на Украина „за сите достигнувања и победи“.
Последните две седмици во украинските и западните медиуми често се известуваше за можна оставка или смена на врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни. Конкретно, се наведуваше дека на средбата на 29-ти јануари Зеленски му понудил само функција советник на властите. Иако, како што пишуваше магазинот Economist, на Залужни му билае понудена и функцијата секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, но тој ја одбил таквата понуда.
Медиумите ги наведоа шефот на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, Кирил Буданов* и командантот на копнените сили Олександр Сирски, како веројатни наследници на Залужни на чело на вооружените сили.
Уште на 30-ти јануари поранешниот пратеник во Врховната рада (украинскиот парламент), Борислав Береза, објави дека Заслужни бил сменет од должноста главен командана на украинската армија. Истовремено, друг украински пратеник, Олексиј Гончаренко истакна дека два негови извора ја потврдиле таа информација. Подоцна на социјалните мрежи Гончаренко објави дека Заслужни бил информиран за негово отповикување од функцијата, но дека сѐ уште за тоа нема соодветна претседателска уредба. Според пратеникот, тогаш на Заслужни му била понудена амбасадорска функција во една од европските земји, но тогашниот врховен командант тоа го одбил.
Потоа истиот ден вечерта следуваше вистински хаос во медиумите, кои обавија дека претседателскиот указ за смената на Заслужни е веќе потпишан, а дека на негово место ќе биде именуван актуелниот шеф на Главната управа за разузнавање (ГУР) при Министерството за одбрана, Кирил Буданов. Портпаролот на Зеленски, потоа објави дека Зеленски не го сменил Заслужни.
Следеа објави на социјалните мрежи и дека неодамна именуваниот министер за одбрана Рустем Умеров наводно поднел оставка, што беше демнатирано од министерството.
Уште во август 2022 година украинскиот информативен портал Telegraf пишуваше дека украинскиот претседател Владимир Зеленски има намера да го смени Валериј Заслужни од должноста врховен командант на украинските вооружени сили, и да замине на позицијата министер за одбрана.
Ланскиот март германски Bild објави за конлфикт меѓу Зеленскии и Заслужни откако врховен командант на вооружените сили повикал тогаш украинците да се повлечат од опсадениот град Бахмут, што не било прифатено од шефот на државата.
Германскиот таблоид тогаш, исто така, истакна дека популарноста на Залужни, која ја постигна со водењето на воената кампања против Русија, го прави остварлив предизвикувач на Зеленски во потенцијалната претседателска трка. Генералот нокогаш јавно не објави никаква амбиција да се кандидира за функцијата, но во Украина со месеци кружат гласини во врска со загриженоста на Зеленски за можна конкуренција.