Украинскиот претседател Володомир Зеленски ги обвини западните сојузници за доцнење на обуката на украинските пилоти на борбените авиони од американско производство.
„Мислам дека некои од нашите партнери одолговлекуваат“, изјави Зеленски на заедничката прес-конференцијата со шпанскиот премир Педро Санчез во Киев.
Сѐ уште нема конкретни датуми за почеток, ниту за распоред за обуката на пилотите, се пожали украинскиот претседател.
Во мај Велика Британија, на којашто ѝ се придружија уште неколку европски земји, најавија формирање коалиција слична на „тенковската“, чијашто цел е набавка американски борбени авиони „F-16“ за Украина. САД, каде постоеше дилема за ова прашање, дадоа зелено светло за таа иницијатива давајќи одобрување украински пилоти да се обучуваат на борбените авиони „F-16“.
Киев ја истакнува важноста од поседување борбени авиони од американско производство во справувањето со руската инвазија и за успешноста на преземената противофанзива, тврдејќи дека треба да помогнат во обезбедувањето на украинскиот воздушен простор и во одбраната од масивните руски напади со дронови и проектили.
Сепак, аналитичарите се скептични дека Украина во скоро време може да ги добие тие технолошки напреди борбени летала, имајќи ја предвид долготрајната обука на пилотите, како и бројот авиони „F-16“ кои би можел Киев да ги добие во смисла на нивната доволност за изведување офанзивни дејствија, зашто украинската војска практично нема контрола над својот воздушен простор.