Зеленски го одликуваше Џастин Трудо со Орден на слободата

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски го одликуваше канадскиот премиер Џастин Трудо со Орден на слободата, објавено е денеска на веб-страницата на украинскиот претседател.

„Трудо беше награден за исклучителни лични заслуги во зајакнувањето на меѓувладината соработка меѓу Украина и Канада, поддршката за државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина“, се наведува во документот објавен на веб-страницата.

Украинското знаме беше подигнато над градското собрание на главниот град на Канада на Денот на националното знаме на Украина.