Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација од 14 мај до 11 август.
Зеленски на 6 мај достави до Парламентот предлог за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација за уште 90 дена, објави „Киев индепендент“.
Украинскиот Парламент гласаше да го одобри продолжувањето два дена подоцна.