Зеленски го потпиша законот за прoмена на датумот за празнување на Божик

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потпиша во петокот законот за промена на датумот на државниот празник Божик во Украина од 7-ми јануари на 25-ти декември, во рамките на настојувањата по превратот од 2014 година во Киев за „откажување од руското наследство“.

Според новиот закон, Денот на украинската државност ќе биде поместен од 28-ти јули на 15-тијули според нововоспоставениот календар, а на 1-ви октомври наместо на 14-ти октомври ќе се одбележува Денот на бранителите на Украина и Покровот на Пресвета Богородица.

Нововоспоставената Православна црква на Украина којашто изминатите години ги зазема дури и со асистенција на полицијата и војската грамовите и манастирите од Укранската православна црква која имаше самостојност во рамките на Московската патријаршија во четвртокот го усвои новиот јулијански календар, а промената ќе стапи во сила на 1 септември.

Тоа значи дека датумот на верските прослави на Божик ќе се помести од 7-ми јануари на 25-ти декември.

Православните христијани сочинуваат мнозинство од 43-те милиони жители на Украина. По распадот на Советскиот сојуз, главно со политичка иницијатива во 1991 година беше формирана засебна Православна црква на Украина како ривал на Украинската православна црква, која во мај годинава по почетокот на војната ги замрзна контактите со Московската патријаршија.

До неодамна, и Православната црква на Украина и украинските гркокатолици (унијати) го користеа само јулијанскиот календар, кој го користеше и Руската православна црква. Неодама во Врховната Рада беше даден предлогот за оофицијално укинување на УПЦ. Повеќепати, исто така, украински политичари го изнесуваат предлогот за минување на латиницата и напуштање на украинското кирилско писмо.

„Украинскиот народ долго време беше подложен на руската идеологија во речиси сите животни сегменти, па дури и Божик се славеше според јулијанскиот календар“, се наведува во образложението на одлуката што ја изгласаа пратениците во Државната Рада во средината на јули.

Во текстот се вели и дека „силното заживување на украинската нација продолжува и дека постојаната борба за сопствениот идентитет придонесува за свеста и желбата на секој Украинец да живее во согласност со традицијата и свои празници“.