Зеленски го повика НАТО од самитот да ѝ испрати на Украина „јасен сигнал“ за членство

Украинскиот претседател Володомир Зеленски ги повика челниците на НАТО следната седмица на самитот во Вилнус да преземат конкретни чекори во смисла на примањето на Украина во Алијансата, а во тоа во текот на посетата на Прага доби и поддршка од чешкиот претседател Петр Павел, пензиониран генерал порано со висока позиција во Северноатлантскиот воен блок.

Зеленски рече дека на неговата земја, коајшто веќе 17-ти месец е во војна против Русија, ѝ е потребно многу повеќе од воопштени изјавви дека вратата на НАТО само се „отворени“. Украина бара „јасен знак“ од НАТО од самитот кој на 11-ти и 12-ти ноември ќе се одржи во литванската престолнина Вилнус дека ќе може да му се приклучи на западниот воен сојуз кога војната ќе заврши.

Украина сака да се приклучи на НАТО што поскоро, а тоа е една од главните причини за руката инвазија кон крајот на февраури 2022 година, но мислењето на земјите членки за тоа колку брзо треба да бидат преземени тие чекори е силно поделено. Некои земји членки се претпазливи во поглед на потезите за кои стравуваат дека може да ја вовлечат Алијансата уште поблиску во активната војна против Русија.

„Ние зборуваме за јасен сигнал, нешто конкретно во насока на покана. Потрбна ни е мотивација. Потребна ни е искреноста во нашите односи“, изјави Зеленски на прес-конференцијата со чешкиот колега Павел.

Зелански, кој за некои земји членки на НАТО рече дека се плашат од Русија и затоа се колебаат во врска со украинскиот приме, рече дека формулацијата прифатена на самитот на сојузот во Буукурешт во 2008 годиона не е доволна, дека вратата на Алијансата ќе „остане отворена“ и дека Украина на крајот ќе стане членка.

„Ќе ни биде потребне некаков сигнал, јасен, дека Украина ќе биде во сојузот. А не дека вратата е отворена, тоа не е доволно“, повторни Зеленски на новинарско прашање.

Чешката Република, или според новиот назив Чехија, членка на Европската унија и НАТО, ѝ пружа силна поддршка на Украина од почетокот на руската инвазија, пружајќи ѝ воена и друга помош.

„Мора сосема јасно да се каже дека е во интересот на Прага, Украина, штом заврши војната, да започне преговори за влез во НАТО, бидејќи тоа е и во интерес на нашата безбедност, регионалната стабилнсота и економскиот напредок“, рече Павел.