Украинсиот претседател Володомир Зеленски објави во неделата дека донел одлука да го смени од должноста министерот за одбрана Олексиј Резников и да побаа од парламентот оваа седмица да го замени со Рустем Умеров, шефот на главниот украински приватизациски фонд.
Објавата за смената која Зеленски ја најави во неговото вообичаено прекуноќно обраќање до нацијата може да преставува потрес во украинскиот одбранбен естаблишмент, најсериозниот по почетокот на руската инвазија, оценува Reuters.
Резников, кој беше именуван за министер за одбрана во ноември 2021 година, учестуваше во осигурувањето на милијардите долари западна воена помош во воени цели, но неговото министерство го следеа обвинувања за корупција кои тој ги нарекуваше клевети.
„Одлучив да го сменам министерот за одбрана на Украина. Олексиј Резников мина низ повеќе од 550 денови војна. Верувам дека на министерството му се потребни нови пристапи и други формата на интеракција со војската и општеството како целина. Сега Рустем Умеров треба да раководи со министерството. Врховната Рада добро го познава овој човек, а на господинот Умеров не му треба дополнително воведување. Очекувам парламентот да ја поддржи оваа кандидатура“, рече Зеленски.
Промената на министерот за одбрана мора да го одобри парламентот Врховната Рада, но речиси сигурно е дека одлуката на Зеленски ќе ја поддржат мнозинството пратеници. Зеленски притоа рече и дека очекува парламентот да го одобри именувањето на Умеров.
Умеров, 41-годишен поранешен адвокат кримски Татар, го водеше украинскиот Фонд за државна сопственост од септември 2022 година и беше вклучен во преговорите коишто, на пример, се однесуваат на ткн Црноморски договор за житарките.
На почетокот на август Украинска правда пишуваше дека Зеленски бара замена за Резников. Според весникот, за неговото место биле земени предвид најмалку двајца кандидати – министерот за инфраструктура Александар Кубраков и министерот за стратешки индустрии Александар Камишин. Сепак, подоцна заменикот на Радата, Алексеј Гончаренко, изјави дека и двајцата функционери се откажале од функцијата шеф на украинското Министерство за одбрана. Подготвеност да поднесе оставка изрази тогаш и самиот Резников.
Минатиот месец украинскиот парламентарец Јарослав Железњак тврдеше дека актуелниот министер за одбрана ќе биде назначен за амбасадор во Велика Британија, додека Умеров ќе го заземе неговото место. За можното назначување на шефот на Фондот за државна сопственост пишуваше и Украинска правда, повикувајќи се на свои извори. Беше објавено дека Зеленски се сретнал со него оваа седмица и разговарал за резултатите од работата на организацијата.
Рустем Умеров е украински политичар, претприемач и инвеститор со потекло кримски Татар. Студирал во САД на програма за размена, по образование финансиер. Во 2019 година беше избран за пратеник. Од септември 2022 година е на чело на Фондот за државна сопственот. Во исто време, тој останува и советник на Мустафа Џемилев, еден од водачите на Меџлисот на кримските Татари, малцинство кое не престојува на црноморскиот полусотров и не го признава неговото присоединување на Русија. Имеров ланската пролет беше член на украинската делегација на преговорите со Русија.