Педагошкиот факултет во украинскиот североисточен град Хакров е разорен во руски напад во средата, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски.
Погодени се главната зграда, училници, универзитетскиот музеј и научната библиотека, рече Зеленски во своето обраќање ноќта кон четвртокот.
„Тоа е карактеристиката на руската инвазија со 100-процентна точност. Кога станува збор за варваризмот, овој удар тоа најдобро го отсликува“, рече Зеленски.
И покрај губењето на украинските сили на неколку стратешки области на југоистокот на земјата, Зеленски уверува дека оружјето коешто го испратиле западните земји предводени од САД делува „многу силно“ и ја пофали „неговата прецизност“.
Украинската војска ја користи артилеријата да уништи складишта и други логистички цели важни за Русија, тврди Зеленски, иако од одметнатите проруски региони Доњецк и Луганск, како и изминатите осум години последните денови известуваат за засилени украински гранатирања врз станбени населби со секојдневни до десет цивилни жртви.
„А тоа значително го намалува напаѓачкиот потенцијал на руската војска. Загубите на окупаторот само ќе се зголемат оваа седмица, како и проблемите во нивното снабдување“, тврди Зеленски.