![Ukrainian President Zelensky meets Canadian Prime Minister Trudeau in Ottawa](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/09/tru.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Претседателот на Украина Володимир Зеленски и премиерот на Канада Џастин Трудо го поздравија со аплауз поранешниот војник на озлогласената СС Прва галициска дивизија, 98-годишниот Јарослав Хунка, кој присуствуваше на седница на парламентот во Отава, пренесува Асошиејтед прес.
На една од фотографите насмеаниот Зеленски покажува стисната тупаница додека во негова близина се неговата сопруга Елена и ТРудо.
Како што наведува АП, двајцата лидери му аплаудираа на Јарослав Хунка кој се борел во таканаречената Прва украинска дивизија во Втората светска војна, а потоа емигрирал во Канада. Меѓутоа, станува збор за 14-тата Вафен гренадирска дивизија на СС, позната како Прва галициска дивизија.
На видео-снимките се гледа како канадските пратеници му аплаудираат на поранешниот борец на нацистичката единица, за оваа прилика наречен „канадско-украински воен ветеран во борбата против Русија“.
Првата галициска дивизија ја формирале нацистите во 1943 година кога Советскиот Сојуз ја преземал иницијативата на Источниот фронт. Ја сочинувале околу 80.000 доброволци, главно Украинци, од регионот Галиција кој зафаќал подрачје од денешна југозападна Полска и западна Украина.
Озлогласената единица учествувала во брутални операции низ Полска и советска Украина, а обвинета е за масакри и други злосторства над полското, еврејското и руското население. Црвената армија ја уништила во јули 1944 година. Набрзо била применувана во Украинска национална армија за по падот на Берлин, во мај 1945, да им се предаде на западните сојузници. По војната голем број од Првата галициска дивизија избегале во Канада.
Обраќајќи се во парламентот во Отава, Зеленски кажа дека Канада била на светлата страна на историјата за време на претходните војни, а потоа му се заблагодари на Трудо за несебичната поддршка на таа земја на украинските напори против Русија.