
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на прес-конференција во Киев изјави дека „иднината на европската безбедност се решава сега, во Украина“, пренесоа француските медиуми.
Зборувајќи пред лидерите на Полска и Литванија, Зеленски кажа дека „ние сме едногласни во нашата проценка за злосторствата на Руската Федерација.
Ова е уште еден чин на агресија против Украина, нејзиниот суверенитет, нашиот територијален интегритет“. Зеленски притоа побара построг режим на санкции против Русија.