![zelenski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/zelenski-8.jpg?resize=696%2C403&ssl=1)
Украинскиот претседател Владимир Зеленски инсистираше во понеделникот вечерта на неопходноста за состанок „во кој и да е облик“ со својот руски колега по должност Владимир Путин за да се „запре војната“ во Украина.
„Верувам дека без овој состанок невозможно е целосно да се разбере на што тие (Русите) се подготвени за да ја запрат војната“, рече Зеленски во разговорот за Суспільне, украински регионален државен медиум.
Зеленски, кој рече дека „без преговори војната нема да биде запрена“, особено во понеделникот беше упорен иако веќе повеќепати на средба со Путин, кој изминатите две години го повикуваше украинскиот претседател директно да преговара со одметнатите источни проруски региони во Донбас по основите на договорот од Минск од 2015 година.
Меѓутоа, Зеленски повторно предупреди дека Украина не може „да прифати никаков ултиматум од Русија“.
Досега се одржани неколку директни и неколку состаноци преку видео-врски меѓу руската и украинска преговарачка делегација од почетокот на руската офанзива во Украина на 24-ти февруари.
Во интервјуто за Суспільне, Зеленски рече дека секој компромис постигнат во преговорите со Русија ќе биде ставен на референдум во Украина. Притоа се осврна и на прашањето на членството на Украина во НАТО.
„Сите тоа веќе го сфативме. Не нѐ примаат (во НАТО), бидејќи тие (земјите членки) се плашат од Русија. Тоа е сѐ. А ние мораме да се смиреме и да кажеме: ‘Ок (ќе бидат потребни) други безбедносни гаранции“, рече Зеленски.
„Постојат земји од НАТО кои сакаат да бидат гаранти на безбедноста (на Украина)… кои се подготвени да сторат сѐ што Алијансата би морала да го стори доколку сме членка. И мислам дека тое е нормален компромис“, додаде Зеленски.
Исто така, рече дека верува дека прашањето на Крим и Донбас е „многу тешка приказна за сѐ“.
„Тоа е многу тешка приказна за сите. И Крим и Донбас – за сите. А за се изнајде некаков излез, неопходно да се направи првиот чекор, за што јас реков: безбедносни гаранции, крај на војната. Во текот на првиот состанок со претседателот на Русија подготвен сум да ги отворам овие прашања, тие се релевантни, тие се важни за нас“, рече Зеленски во интервјуто за повеќе европски и украински телевизии.
Сепак, тој е подготвен да разговара за овие прашања на средба со рускиот челник.
„На првиот состанок со претседателот на Русија јас сум подготвен да ги покренам овие прашања, тие се актуелни, тие се важни со нас (…) Но уверен сум дека таквата одлука нема да биде донесена на тој стостанок. Затоа што, да бидам целосно искрен, а во однос на гарантирањето на безбедноста, ќе зборуваме за уставни измени, промени на украинското законодавство. И ако зборуваме за тоа, тогаш во секој случај ќе одлучува не само претседателот (…) туку и Радата и народот на Украина“, додаде Зеленски.