
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика да се испрати повеќе оружје со голем дострел за да може да им се спротивстави на руските сили.
„Имаме доволно друго оружје. Но, немаме доволно од она што навистина може да погоди далечни руски цели, што ни треба за да одговориме на руската воена опрема“, им рече Зеленски на новинарите, пренесвув британски BBC.
Претходно во јуни Обединетото Кралство и САД потврдија дека испраќаат ракети со долг дострел во Украина првпат од почетокот на војната, по наводните гаранции што ги добиле од Киев дека тие вооружувања нема да бидат користен за напади на цели на територијата на Русија, што според Вашингтон ќе доведе до невидена ескалација на судирот.