Зеленски му врачи медал на Бајден: Голема чест е да се биде овде

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска пристигна во историска посета на САД.

Ова е прво патување на Зеленски во странство од почетокот на руската инвазија на Украина.

Тој по пристигнувањето изјави дека му е голема чест што е во Белата куќа и дека ја цени поддршката на американскиот претседател. Потоа му врачи медал на Бајден.

Украинскиот претседател имаше средба со Џо Бајден во Овалната соба.

На почетокот Зеленски им се заблагодари на Бајден и на „обичните луѓе“ за поддршката.

Бајден, од друга страна, рече дека „храброста и издржливоста на Украинците го инспирираа целиот свет.