Зеленски на пат во САД, доаѓањето го потврди Белата куќа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека е на пат кон САД каде што ќе разговара за украинската одбрана, а Белата куќа потврди дека ќе прими претседателот Џо Бајден, а потоа ќе се обрати пред Конгресот.

„На пат сум го Соединетите држави за да го зајакнам отпорот и одбранбените способности на Украина. Ќе одржам и говор во Конгресот и низа билатерални состаноци“, објави Зеленски на Twitter.

Портпаролот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер изјави дека претседател Бајден го поканил украинскиот колега во Вашингтон за да истакне дека Белата куќа ќе ја помага Украина колку и да е потребно.

„Посетата ќе ја истакне цврстината на доследноста на САД да ѝ помогне на Украина колку и да е потребно, вклучително и преку економска, хуманитарна и воена помош“, рече Жан-Пјер.

Висок американски неименуван функционер рекол за Reuters дека Бајден ќе најави нови пакет оружја во вредност од речиси 2 милијарди долари, кои ги вклучуваат ракетните системи „Patriot“ кои треба да ѝ помогнат на Украина да се справи со масивните руски ракетирања. Американските пратеници се подготвуваат да изгласаат финансиски пакет од речиси 45 милијарди долари итна помош за Украина и сојузниците во НАТО, што наведува дека е можна натамошна ескалација на војната.

Посетата на Зеленски на Вашингтон била подготвувана во тајност, а поединостите беа објавени во вторникот ноќта и се очекува дека ќе трае само неколку часа. Плановите за посетата се воделе во тајност, бидејќи американските и украинските служби настојувале да ги изнесат Зеленски на безбеден начин од земјата и да го донесат во САД. Од Вашингтон тврдат дека наводно Бајден сакал да ја посети Украина, но од безбедносни причини тоа не било можно.

Украинскиот претседател ќе разговара со Бајден и највисоките американски функционери за национална безбедност на Белата куќа, ќе одржи заедничка прес-конференција со американскиот претседател и пота на Капитол ќе учествува на заедничкото заседание со членовите на Сенатот и на Претставничкиот дом.

Бајден зад затворени врати ќе разговара со Зеленски со кој одржува редовни телефонски разговори откако дојде во Белата куќа, но последните десет месеци немаат остварено непосредна средба. Бајден вршеше притисок врз западните сојузници да ја поддржуваат Украина и да ѝ наметнат санкции без преседан на Русија. Вашингтон тврди дека САД не се директно вклучени во руско-украинскиот судир на страната на Киев, но сѐ повеќе се медиумските извештаи и сведоштва, дека освен со помош во оружје и кадар, активно во украинската војска на теренот се вклучени американски офицери и инструктори, платеници, а особено разузнавањето и сателитското шпионирање на противникот.

Се тврди дека во разговорите во средата, Бајден нема да го притиска Зеленски да седне на преговарачката маса со рускиот претседател Владимир Путин, изјавил неименуван американски функционер за Reuters.

„Ќе разговараат за секој елемент од конфликтот, вклучително и за состојбата на боиштето. Претседателот нема да дојде со порака за притисок врз Зеленски на ниеден начин. Тоа ќе биде порака на солидарност и поддршка, координација и усогласување“, рекол соговорникот на агенцијата.

Само во изминатите десет месеци администрацијата на Бајден издвоила околу 20 милијарди долари воена помош за Украина, во артилериска муниција со долг дострел, ракетни системи за повеќекратни лансирања со долг дострел HIMARS и воздушни системи NASAMS.

Најавено е снабдување на Украина со противвоздушните системи или со ракети од класата земја-воздух „Patriot“, за да се подобри украинската противвоздушна одбрана од руските напад. Американски инструктори за тоа наводно ќе ги обучуваат украинските војски во трета земја, но се смета дека всушност тоа се користи само по недоволни неколку седмици меѓи нив на боиштето да се уфрлат западни инструктори. Според некои медиуми, Германија, чиишто закони инаку не го дозволуваат тоа, би можела да биде земјата во којашто би се одвивала таа обука.