![zelenski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/zelenski-2.jpg?resize=640%2C426&ssl=1)
![](https://i0.wp.com/i.imgur.com/wVwG9pe.jpg?w=696&ssl=1)
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека смртоносниот напад на станбена зграда во централниот град Дњепар ја истакна потребата од побрзи и подобро координирани одлуки за испорака на оружје во Украина.
„Она што се случи во Днипро покажува дека Русија подготвува нови обиди да преземе иницијатива во војната и покажува дека природата на воената акција на фронтот бара нови одлуки за набавка на оружје и нагласува колку е важно да се координираат сите напори и да се забрза донесувањето одлуки на коалицијата што ја брани Украина и слободата во УкраинаЕ, рече Зеленски во своето ноќно видео-обраќање.
Зеленски информира дека најмалку 40 луѓе, меѓу кои три деца, загинале во експлозијата на руска ракета што во саботата погоди зграда во градот.
Кремљ во понедеделникот негираше дека руските сили погодиле станбена зграда во градот које е важен центар за снабдување на украинските единици на истокот на земјата.
„Руските вооружени сили не бомбардираат станбени згради, ниту цивилна инфраструктура, тие бомбардираат воени цели“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, наведувајќи дека „можно е да паднала украинска ракета за противвоздушна одбрана врз зградата“.