Зеленски нареди чистка на Националната гарда по откривањето на наводни планови за атентат

Претседателот Володимир Зеленски му порача на шефот на Националната гарда на Украина да ги исчисти своите редови од оние кои ја дискредитираат откако двајца членови на гардата се обвинети за на наводен заговор за атентати врз нивните претпоставени.

Државната безбедносна агенција (СБУ) минатиот месец објави дека уапсила двајца полковници од Гардата кои наводно соработувале со Русија во заговор за атентат врз претседателот Зеленски и други украински функционери, вклучувајќи го и шефот на воената разузнавачка агенција Кирил Буданов.

Украинската Национална гарда е задолжена за заштите и безбедност на различни владини претставници.

Претставувајќи го полковникот Олексиј Морозов во понеделникот, Зеленски рече дека неговата главна задача е да се осигура дека само оние кои гледаат иднина со Украина можат да се приклучат на агенцијата. Тоа беше негова прва индиректна изјава на оваа тема откако агентите беа уапсени.

„И, се разбира, агенцијата мора да биде исчистена од сите оние кои не ја избраа Украина за себе или ја дискредитираа Националната гарда“, напиша Зеленски на Telegram.

Зеленски го отпушти претходникот на Морозов, Серхи Руд, во мај, два дена откако СБУ ги уапси нејзините вработени обвинети дека работеле за руската безбедносна служба и ѝ дале доверливи информации..