![volodimir zelenski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/volodimir-zelenski-1.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска нареди формирање на специјален огранок на украинските вооружени сили за беспилотни летала.
Зеленски потпиша декрет со кој ја повикува владата и генералштабот на вооружените сили да разработат прашања за формирањето на тие сили.
Во ноќното видео обраќање тој посочи дека тоа не е прашање за иднината, туку прашање кое наскоро мора да даде конкретни резултати и оти оваа година мора да биде одлучувачка во многу аспекти, вклучително и на бојното поле.