Зеленски не ги евакуира цивилите за да ги мотивира војниците

Украинскиот претседател Володмир Зеленски изјави во средата вечерта дека и покрај предлозите за масовни евакуации на градовите кои се на удар на руската војска, тој ја отфрлил таквата можност за војската да биде мотивирана за да ги заштити цивилите и да го подигне борбениот морал на војниците.

Според Зеленски, на почетокот од руската инвазија, украинските власти размислувале за сличен план. Конкретно, како што рече украинскиот претседател за украинските електронски медиуми, тогаш станувало збор за целосно евакуирање на населението и конзервирање на инфраструктурата на главниот град Киев.

„Па да ги собереме сите и да ги изнесеме од државата. И тогаш кого ќе треба да го бранат? Само луѓе со автомати? Немаат ли жени и деца: Имаат родители и семејства. И што го мотивира на бојното поле?… Украина. А што е Украина? Само земја? Земјата и нивите семејства. Што доколку нивите семејства си заминат? Што ќе заштитуваат?“, праша Зеленски.

Притоа украинскиот претседател истакна дека таквата одлука не ја смета за тактика на „жив штит“, како што обвинува руската војска, а извештајот на меѓународната невладина организација за човекови права од Amnesty International од август кој се обвинуваат украинските вооружени сили за „јасно кршење на меѓународното хуманитарно право“, велејќи дека ги загрозува животите на цивилите со тоа што ги става своите воени средства блиску до цивилната инфраструктура.

„Не знам  што ќе се случеше доколку претседателот на државата речеше: бегајте, и јас ќе побегнам со вас. Зарем, ќе ме оставите сам тука?“, додаде Зеленски.