![зеленски](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/zelenski.jpg?resize=696%2C432&ssl=1)
На патувањата во Сингапур и Филипини украинскиот претседател Володимир Зеленски не успеа во обидот да ги натера азиските земји да го поддржат Киев на ист начин како што ужива поддршка на Запад , пишува Вашингтон пост.
„Тешкотиите на Зеленски во Азија не се ограничени само на Кина. Од мноштво причини, намерата на Украина да ја предизвика истата емоционална и егзистенцијална вознемиреност што ја предизвикува на поголемиот дел од Западот не успеа“, пишува весникот.
Професорот на Националниот универзитет во Сингапур, Раџа Мохан, тоа го поврза, меѓу другото, и со фактот дека во азиските земји не веруваат во реториката на Западот, бидејќи знаат дека има голема разлика „помеѓу тоа што вели Западот и тоа што го прави“.
Зеленски претходно зборуваше на конференцијата Шангри-Ла дијалог во Сингапур, а подоцна се упати во Манила за да разговара со филипинскиот претседател Фердинанд Маркос.