Киев ќе се откаже од натамошните преговори со Москва за склучување примирје, доколку бидат уништени украинските сили во јужниот пристанишен град Мариупол, изјави во саботата украинскиот претседател Владимир Зеленски.
„Мариупол е, можеби, како десет Бородјанки, и сакам да кажам дека уништувањето на нашата војска, нашите момци, ќе стави крај на сите префовоеи“, го цитира Зеленски порталот Страна.ua
Бородјанка е северозападно предградие на Киев каде што според украинската страна се откриени стотици жртви на руските војски. Москва ги отфрли обвинувањата и посочи дека и претходно предупредила по разузнавачки информации дека се подготува инсценирање на наводни злосторства од руската војска којашто од Киевскиот регион се повлече на 30-ти март, и потенцираше дека обвинувањата доаѓаа дури по четири дена откако украинските сили повторно воспоставиле контрола над тие места.
Изјавата на Зеленски следува откако претходно во саботата за руската телевизија Россия 24, Денис Пушилин, челникот на порусиките сили од Доњецк изјави дека „националистичките баталјони“ во Мариупол немаат намера да се предадат и оти ќе мора да се водат судири до нивно целосно уништување.
„Задачите не се лесни (…) Оние припадници, така да кажеме, на регуларната армија, маринците, оние што беа подготвени да се предадат се предадоа. Истовремено наиционалистите, односно претстаниците на нацбаталјоните, очигледно немаат намера да се предатата, па затоа ќе бидат подолжни на уништување“, рече Пушилин,.
Задничките руски и силите на милицијата на проруската сепаратистичка ткн народна ребулика Доњецк на 7-ми март го опколија стратешки важниот пристаниште град Мариупол, во кој беа добро утврдени единици на урканската поморска пешадија, паравените формации на ултрарадикалните украински националистички движења и странски платеници. По повеќенеделно гранатирање, руските и проруските сили се пробија во градот, и започнаа со чистење на џебовите на отпорот.
Руската војска објави дека речиси целиот Мариупол е под контрола, а судирите продолжуваат главно на територијата на металуршкиот комбината „Азовстал“ каде што е утврден злогласниот полк „Азов“. Претходно седмицава беа објавени снимки на предавањето на повеќе од 1.300 украински маринци во Мариупол, концентрирани главно во челичарницата „Илич“, исто така, на периферијата на градот.