Зеленски одлучил да има претседателски избори следната година

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ѝ наложил на неговата канцеларија да ги започне подготовките за избор на шеф на државата во пролетта 2024 година, објави пратеникот од Врховната Рада (украинскиот парламент) Алексеј Гончаренко.

„Според моите информации, Володимир Зеленски одлучил да има претседателски избори следната година. Тој ѝ наложил на претседателската администрација да се подготви за изборите кои се планирани да се одржат на 31 март 2024 година“, рече пратеникот.

Претставниците на претседателската администрација сѐ уште не ја коментираат оваа информација.

На 3 ноември, украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба изјави за Скај њуз дека Зеленски размислува за одржување претседателски избори во пролетта 2024 година. Парламентарните избори во Украина требаше да се одржат во октомври 2023 година, но не се одржаа под воена состојба.

Украинскиот закон забранува одржување на претседателски избори во воена состојба. Зеленски постојано повторува дека изборот на шеф на државата може да се одржи само по завршувањето на непријателствата. Западните партнери на Киев, сепак, инсистираат тие да се одржат во предвидената временска рамка. Реториката на Зеленски е малку променета, во едно од неговите интервјуа, тој призна дека изборите ќе се одржат и во воена состојба доколку Западот плати за тоа.