Зеленски одобри испраќање на припадниците на територијалната одбрана на боиштето

Украинскиот претседател Владимир Зеленски го потпиша законот со кој се овозможува распоредување на припадниците на Територијалните одбранбени сили за извршување борбени дејствија во зоните на конфронтацијата, покажуваат информациите објавен во саботата на веб-страницата на Врховната Рада, односно украинскиот парламент.

Според порталот Страна.ua, претседателот на Врховната Рада, Руслан Стефанчик го потпишал соодветниот документ уште на 6-ти мај, по што бил препратен во кабинетот на претседателот Зеленски кој го потпишал во петокот, 10-ти јуни.

Пред носењето на овој закон, припадниците на Територијалната одбрана можеа да извршуваат задачи исклучиво надвор од зоните на борбени дејствија, само во локалните заедници или во местата во кои се распоредени. По стапување на сила на новиот закон, ден по потпишувањето на Зеленски, можноста за нивно ангажирање се проширува на територијата на целата земја, и не ги вклучува само борбените зони, туку и оние кои во моментов се под контрола на проруските и руските сили.

Одлуката за испраќање на „триторијалците“ во областите на воени дејствија, според законот, ќе ја носи врховниот командант на Вооружените сили на Украина. Притоа, на Кабинетот на министрите му се наложува во рок од еден месец од почетокот на примена на законот да донесе регулативни правни акти во врска со документот.

Истовремени на 7-ми јуни истече едномесечниот рок предвиден за со прописите за потпишувањето на законот од страна на претседателот. Киев досега не ги соопшти причините за одложувањето.

Претходно украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников изјави дека треба да се зголеми бројот на борците директно вклучени во борбите на милиони луѓе.

Претходно во подготовките на носењето на овој закон, владата во Киев усвои документ за проширување на списокот на оружја кои можат да ги користат припадниците на доброволечките формации, покрај ловечкото, па така вклучени се и артилериски и ракетни системи. Од друга страна, руското министерство за одбрана, уште во мај објави дека припадниците на украинската територијална одбрана „продолжуваат“ да инсталираат тешко вооружување во станбени објекти и образовни институции.

Уште во јули минатата 2021 година, Врховната Рада го донесе а претседателот Зеленски го потпиша законот за „Основите на националниот отпор“, а од 1-ви јануари годинава врз основа на овој закон. Силите на територијалната одбрана станаа посебен дел на Вооружените сили.

Според процените, од јануари годинава во Украина биле формирани 25 бригади за територијална одбрана, со состав до 100.000 припадници. Во мај годинава, без посебно објаснување, со указ на Зеленски е заменет командантот на Територијалната одбра