Околу 1.000 руски војници се заробени од украинските сили откако Москва започна инвазија на нејзиниот западен сосед пред три недели, според украинскиот претседател Владимир Зеленски.
Тој ја изнел бројката во текот на онлајн разговор со Карим Кан, главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, јави германската новиснак агенција DPA .
Зеленски рекол дека секој одговорен за воените злосторства треба да одговара.
„Сите знаат што се случува“, рече Зеленски, истакнувајќи дека имало сведоци и видеа на злосторства, кои, според Украина, вклучуваат таргетирање цивилни живеалишта.